Под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, пронајдени се телата на одбојкарската брачна двојка Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.
-Нашата болка е голема. Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која со години го претставуваше нашиот клуб на најдобар начин, како и заминувањето на нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Им посакуваме Божја милост, рајот нека ви биде местото…, стои во соопштението на клубот „МериносВолеј“.