Според информациите од МВР, случајот е пријавен на 21 ноември во 06:15 часот, по што на местото веднаш биле упатени полициски екипи.
По извршените проверки, полицијата утврдила дека починатиот е Ш.Е. (38) од скопското село Љубин.
Во непосредна близина на телото бил најден автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој, како што утврдила полицијата, претходно го управувал починатиот.
Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, а при првичниот преглед била забележана прострелна повреда во пределот на ногата.
На местото на настанот е извршен полициски увид. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција за утврдување на точната причина за смртта.
Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за утврдување на околностите под кои настапила смртта.




