Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Македонија

Првиот есенски ден со температури до 35°C

Објавено: · 1 мин читање
Првиот есенски ден со температури до 35°C

Денеска календарски запачна есента со сончево и многу топло време.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Утре, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, особено попладне.

Пороен дожд и грмежи се очекува и во понеделник.

Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.