Русија и Украина разменија голем број воени заробеници откако Москва се согласи да ослободи 100 Украинци во замена за 106 Руси.
Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, објави на Телеграм дека меѓу ослободените украински воени затвореници има бранители на Мариупол и фабриката Азовстал.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека заробените војници биле разменети по преговори.
Киев и Москва периодично вршат такви размени, што е редок пример за директен контакт меѓу завојуваните земји. (МИА)