Руската пацифичка флота со состојба на висока готовност

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека пацифичка поморска флота е во состојба на готовност, чија цел е зајакнување на одбранбените капацитети.

– Главната цел на оваа инспекција е да се зголеми способноста на вооружените сили да ја одбијат агресијата на веројатниот непријател од правец на океанот и морето, посочи Шојгу.

Вежбата, исто така, ќе симулира непријателско слетување на рускиот остров Сахалин и јужни Курилски острови, за кои Русија има спор со Јапонија.

Началникот на Генералштабот Валериј Герасимов изјави дека руските поморски сили ќе бидат распоредени во областите за обука и ќе вршат борбени вежби. ми/

фото: ЕПА

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *