САД ја поздравија Канада за репатријацијата на 14 жени и деца од Сирија

САД ја ценат репатријацијата денеска на 14 жени и деца од камп за раселени лица во североисточна Сирија, соопштија од Стејт департментот, од каде укажуваат дека овој регион сè уште претставува закана за регионалната и меѓународната безбедност.

-Ние сме исто така благодарни на нашите локални партнери Демократските сили на Сирија, за нивното лидерство во одговорот на оваа сложена ситуација, изјави претставникот на Стејт департментот Ведант Пател.

-Решавање на хуманитарните и безбедносните предизвици што следеа по демонтирањето на таканаречениот „калифат“ на Исламската држава е клучен приоритет на Соединетите Држави и на Глобалната коалиција за пораз на Исламска држава/Даеш. Околу 10.000 лица од повеќе од 60 земји надвор од Сирија и Ирак остануваат во камповите за раселени лица во ал-Хол и Рој во североисточна Сирија, се вели во соопштението.

Од Стејт департментот соопштуваат дека репатријацијата е единствено долгорочно решение за ова население, од кое мнозинство се ранливи деца до 12 годишна возраст.

Плус, околу 10.000 борци на Исламска држава се наоѓаат по затвори во овој регион.

-Ова претставува најголемата концентрација на задржани терористички борци во светот и претставува закана за регионалната и меѓународната безбедност, укажуваат од Стејт департментот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *