САД во трговијата го префрлаат својот фокус на домашното производство и соработка со истомисленици

САД го пренасочија својот фокус од либерализацијата на трговијата кон инвестициите во домашното производство и соработката со „земјите – истомисленици“, рече американскиот трговски претставник Кетрин Таи, предупредувајќи на пречки во областа на регулативата и заштитата на животната средина.

Во говор на Правниот факултет на Американскиот универзитет во Вашингтон таа рече дека традиционалниот пристап заснован на намалување на тарифите повеќе не функционира во висококонкурентната глобална економија на 21 век.

Трговијата мора да работи рака под рака со индустриската политика, посочи таа, а САД ја користат за да инвестираат во инфраструктура, полупроводници и технологија за чиста енергија.

„Стимулациите резултираат со добро платени работни места, вклучително и оние без високо образование“, истакна министерката Таи.

Досегашните трговски договори беа насочени кон „агресивна либерализација и елиминација на царините“, па САД и другите земји станаа премногу зависни од Кина за снабдување со клучни суровини.

„На Пекинг, пак, му се овозможи да користи непазарни практики под диригентската палка на државата со цел Кина да доминира во клучните светски сектори“, нагласи американската министерка.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден мора да одговори на кинескиот „економски меркантилизам“ со стратешки инвестиции дома за да ги направи САД поконкурентни и мора „да ја зајакне соработката со истомислениците за да создаде поправедна и поодржлива иднина за нашиот народ“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *