Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Македонија

Се намалува цената на горивата

Објавено: · 1 мин читање
Се намалува цената на горивата

Цената на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1, односно за 0,5 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 80,5 денари. Од утре ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 78,5 денари по литар.

ЕУРОДИЗЕЛ до утре ќе чини 76 денари по литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 75,5 на 70 денари по литар. Паѓа и цената на мазутот која од утре ќе изнесува 42,1 денар.