Се вика Филип и има 35 години: Објавена фотографија од напаѓачот во Хамбург

Осум лица загинаа, а исто толку се повредени во пукање во храмот на Јеховините сведоци во Хамбург, а „Билд“ пишува дека наводно зад нападот стои Филип Ф. (35).

Полицијата за напладне закажа прес-конференција, на која ќе бидат соопштени повеќе информации за овој масакр.
Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.

Полицијата утринава соопшти дека напаѓачот, најверојатно, е меѓу осумте убиени, но не го откри неговиот идентитет.

Наводно насилникот отворил оган кон собирот за време на настанот. Кога пристигнала полицијата, тој наводно се самоубил.

Според информациите на „Билд“, напаѓачот е Филип Ф. Според магазинот „Шпигел“, тој е поранешен член на Јеховините сведоци. Пред злосторството тој немал досие во полицијата, па не бил етикетиран како екстремист.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *