11-годишно девојче е убиено во градината на нејзината куќа во Сен Ербо, село во близина на градот Кимпер во Бретања, Франција.
Полицијата уапси 71-годишен холандски државјанин под сомнение за убиство. Наводно, во притвор е и неговата сопруга.
Како што е соопштено, таткото на девојчето е во критична состојба, додека нејзината мајка има полесни повреди кои не се опасни по живот. Нејзината осумгодишна сестра успеала да побегне неповредена и ја алармирала населбата која повикала полиција. Девојчето се уште е во шок.
„Скај њузё“ објави дека семејството уживало на скара во градината, пред да се случи нападот.
„Слушнавме тропање и мислевме дека децата си играат. Меѓутоа, детето втрчало во куќата на соседот и почнало да вика: „Сестра ми е мртва, сестра ми е мртва“, рекол соседот.
Според информациите од обвинителството, пензионерот „одеднаш излегол вооружен и неколкупати пукал во жртвите“.
„Полицијата заедно со преговарачот ги убедила соседот и неговата сопруга да се предадат, по што биле уапсени“, изјавила обвинителката Карин Хејли.
Причината за конфликтот се уште не е позната, се претпоставува дека се скарале за парцела која била до имотите на соседите.