Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Свет

Шпанските метеоролози издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија

Објавено: · 1 мин читање
Шпанските метеоролози издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија

Шпанските метеоролошки служби денес издадоа црвен метеоролошки аларм за регионот Каталонија и Валенсија поради обилни врнежи од дожд и бура, објавија локалните медиуми.

Во Тарагона, во текот на попладнето наврнаа 53 литри дожд на квадратен метар, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, објави агенцијата Ефе.

Метеоролозите предупредија дека од денес до понеделник во регионот Валенсија може да наврнат 250 до 300 литри дожд на квадратен метар.