Скопје-Салцбург нова линија на Wizz Air

Wizz Air денеска објави дека ќе започне нова линија од Скопје до Салцбург, Австрија. Планирано e да започне во април 2024 година, преку целата година ќе се изведува три пати неделно во понеделник, среда и петок. Билетите се веќе достапни на wizzair.com или на мобилната апликација на Wizz Air.

Салцбург е прекрасен град, сместен на австриските Алпи во близина на австриско-германската граница, познат по своите прекрасни пејзажи, историја и култура. Со мешавина од шарм на стариот свет и модерни вибрации, тој е идеална дестинација за пешачење, скијање или едноставно разгледување на прекрасните планински предели, Салцбург има се.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ