Сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар, повредени лица од струшко

На 4-ти ноември 2023 година, во 06:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Во незгодата учествувале товарно возило марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 61-годишно лице од скопското село Слатина и патничко возило марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишно лице од струшкото село Калишта. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „Голф“, 67-годишна жена од селото Калишта, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица во Кичево, информираат од МВР. извор: МВР

ОСТАНАТИ ВЕСТИ