Столтенберг: Потребна е дополнителна воена помош за Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Шведска, ја истакна потребата од дополнителна воена помош за Украина, јави ДПА.

– Беше разговарано за итната потреба за зголемување и одржување на поддршката, изјави Столтенберг по разговорите со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Стокхолм.

Според него, сега е важно да се зголеми производството на оружје и муниција.

Столтенберг го поздрави фактот што се работи на заедничка набавка на муниција од страна на земјите од Европската унија.

Министрите за одбрана на 27-те земји од ЕУ денеска на состанок во конференцискиот центар во близина на Стокхолм ќе разговараат за понатамошното снабдување со муниција за Украина. Столтенберг е поканет како гостин на министерските консултации.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ