Струга Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Градот

Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје.

Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

  • аради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште, од Чаршискиот мост до Зелениот пазар, се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, стои во информацијата на Општина Струга.

За таа цел во централното градско подрачје, односно зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци.

  • Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од Општината.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ