Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Сунак под истрага поради евентуален судир на интереси

Објавено: · 1 мин читање
Сунак под истрага поради евентуален судир на интереси

Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси.

Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“.

Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима владините грантови.

Доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. Во посериозни случаи, прашањето може да се достави до Одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на платата.