Денеска се појавија нови застрашувачки снимки од земјотресот во Турција.
Видеото е од надзорните камери во областа Акчадаг во Малатија од 6 февруари попладнето кога се случи и вториот разорен земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер.
Луѓето панично бегаат, но во еден момент и се собираат групно среде улица додека врне снег за да бидат на безбедно и за да не се сруши нешто врз нив.
Безбедносната камера е од една банка од која се гледа како луѓето бегаат низ неа, а некои дури и застрашувачки скокаат од повисоките катови на зградата.