Телефонски разговор Макрон-Бајден за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со неговиот американски колега Џо Бајден за изгледите за „трајно враќање на мирот во Европа“, потврдувајќи ја поддршката за Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

Како што соопшти денеска Елисејската палата, во телефонски разговор двајцата лидери „повторија дека се решени да и ја дадат на Украина неопходната воена поддршка онолку колку што е потребно за да се победи руската агресија“.

Шефот на француската држава ги спомна пред својот американски колега „перспективите за трајно враќање на мирот во Европа“ и двајцата „разговараа, особено за можните безбедносни гаранции што Украина може да ги добие во оваа рамка“, додаде прес-службата на Макрон, без да открие други детали. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *