Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на ноемвриските избори, Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на друга дебата со демократската потпретседателка и кандидатка Камала Харис.
Нема да има реванш!
Тој додаде дека Камала Харис „јасно стави до знаење дека нема да направи ништо поинаку од (актуелниот претседател) Џо Бајден), така што нема простор за дебата“.
Трамп и Харис првпат се соочија во телевизиска дебата на 10 септември.
Во дебата на крајот на јуни, Трамп се соочи и со тогашниот претседателски кандидат на Демократската партија, сегашниот претседател Бајден.
Фокс њуз ги покани претседателските кандидати на можна втора дебата на 24 или 27 октомври.
Трамп ја одби претходната покана на CNN за дебатата, која Харис ја прифати.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.