Три големи закани: Крунисувањето на кралот Чарлс под највисоки безбедносни мерки поради страв од напад

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде на 6 мај, а кралското обезбедување ја планира најголемата безбедносна операција поради страв од напади на еко-активисти, терористи и анархисти.

„Заканата сега е поголема отколку што беше во последните 50 години“, рече поранешниот шеф на Кралската безбедност, Даи Дејвис, според „Мирор“.

Инаку, одвоените протести на групата „Република“ во Милтон Кејнс, Чичестер и Јорк во последните недели поминаа без инциденти. Но, официјалните лица ги ставија под надзор републиканските членови и еколошките групи, како што е „Коалицијата Стоп за нафта“, кои направија хаос кај учесниците во сообраќајот и ги бојадисаа зградите за да ја повикаат владата да ја прекине употребата на фосилни горива.

Безбедносни извори предупредија дека таквите групи би можеле да го искористат и крунисувањето, кое се очекува да го гледа глобалната телевизиска публика од 100 милиони лица, како отскочна даска за нивната кампања.

Шефовите на безбедносните сили се борат со невиден број закани од терористи, анархисти и еко-активисти кои сакаат да го нарушат настанот. Офицерите на Кралската гарда ја планираат најголемата безбедносна операција во една генерација, поради безбедносните стравови за кралот и кралицата за викендот на крунисувањето.

Собрани се разузнавачки информации од силите во Северна Ирска за потенцијалните републикански напади од страна на дисидентите за време на крунисувањето на кралот Чарлс. „Мирор“ може да открие и дека силите во Англија снимале и профилирале антимонархистички кампањи од страв дека ќе го таргетираат главниот настан на 6 мај. Кралот и кралицата за малку избегнаа да бидат гаѓани со јајца од поединци во последните недели во Јорк и Лутон за време на јавните прошетки.

„Јасно е дека заканата за монархијата е голема како што беше во последните 50 години – а потенцијалот е голем поради подемот на ирските дисидентски групи и зголемената акција на анархистичките кампањски групи. Елитните полицајци се особено на потрага по други поединци кои се „фиксирани“ во кралските семејства. „Во декември 2021 година, Џасвант Синг Чаил влезе во замокот Виндзор со натоварен самострел во потрага по покојната кралица Елизабета. Минатиот месец тој стана првиот човек кој беше осуден за предавство од 1981 година“, изјави Даи Дејвис.

Инаку, кралот им забрани на телевизиските камери да го снимаат моментот кога е помазан со свето масло пред да биде крунисан во Вестминстерската опатија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *