Тројца повредени во сообраќајна несреќа во струшко

На 28.08.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека на локалниот пат с.Мороишта кон с.Волино, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(69) од с.Требеништа, охридско и патничко возило „фолксваген транспортер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(37) од с.Могорче, дебарско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот Г.М.(50) од с.Требеништа, охридско, констатирани во Медицинскиот центар Струга и Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ