Недела, 29 ноември 2026 недела, 29 ноември Струга 3°C Струга 3°C Пријави вест Контакт
Балкан

Уапсено едно лице за железничката несреќа во Грција

Објавено: · 1 мин читање
Уапсено едно лице за железничката несреќа во Грција

Во рамките на прелиминарната истрага што е во тек за причините за синоќешната железничка несреќа кај Лариса, уапсено е едно лице, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за одговорниот на железничката станица во Лариса.

Обвинителот од Лариса Стаматис Даскалопулос за АНА-МПА рекол дека се сослушува едно лице, покрената е постапка по службена должност и истакнал дека „се во рана фаза за комплетирање на случајот“.