Убиство што ја шокираше Италија: Трудница била избодена најмалку 37 пати

Џулија Трамонтано се здобила со најмалку 37 убодни рани, од кои две фатални во пределот на вратот, покажуваат резултатите од обдукцијата на трудницата од Италија, за чие убиство е осомничен нејзиното момче Алесандро Импањатиело.

На нејзиното тело немало знаци на одбрана, што може да сугерира дека била изненадена од нападот. Две убодни рани биле фатални – едната и ја отсекла каротидната артерија, другата ја погодила субклавијалната артерија.

Убодните рани биле речиси сите на горниот дел од телото, една на лицето и една на белите дробови. Нема знаци на убодна рана во стомакот.

Тешко е да се одреди точното време на смртта поради присуството на изгореници на телото кои ги промениле ткивата. Импањетиело, всушност, два пати се обидел да го изгори телото. На крајот од обдукцијата, миланското обвинителство се сретна со адвокатот на семејството на Џулија Трамонтано и го потпиша овластувањето телото да биде дадено за погреб.

Се верува дека жртвата била нападната од зад грб, но тоа не може официјално да се потврди. Постмортелните извештаи што ќе бидат доставени во наредните недели, исто така, ќе треба да разјаснат колку и кои убодни рани биле нанесени откако Џулија веќе била мртва.

Инспекторите веруваат дека Џулија била убиена на 27 мај помеѓу 19 и 20:30 часот. Нејзиното момче неколку дена подоцна го признало убиството и е во притвор.

Џулија беше погребана во неделата во нејзиниот роден град во провинцијата Неапол во присуство на голем број луѓе.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ