Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Македонија

УХМР со вонредно метео предупредување: Доаѓаат дожд и грмежи, но и студен бран кој носи снег

Објавено: · 1 мин читање
УХМР со вонредно метео предупредување: Доаѓаат дожд и грмежи, но и студен бран кој носи снег

Денес ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето.

Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.