Утрово најстудено на Попова Шапка – најмногу снег во Дебар

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -10 степени.

По Шапка, следат Маврови Анови со -7 степени, Крушево со -6 степени, Охрид -4,  Претор, Берово и Прилеп со -3 степени, Крива Паланка и Дебар со -2, и Битола и Виница со -1 Битола.

Нешто потопло било во Скопје-Зајчев Рид,  Дојран Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци и Штип каде се измерени 0 степени, а 1 степен било во Скопје-Петровец, 3 во Демир Капија, и 4 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд имало во Дебар каде паднале 41 l/m2, Маврови Анови 40 l/m2.

27 l/m2 Битола, 23 l/m2 Демир Капија, 21 l/m2 Претор, 20 l/m2 Охрид, Струмица, 19 l/m2 Берово, 18 l/m2 Крушево, Кавадарци, 15 l/m2 Скопје – Зајчев Рид, 14 l/m2 Ѓуриште, 13 l/m2 Прилеп, 12 Куманово, Попова Шапка, 10 Велес, 9 Штип, Гевгелија, 7 Виница, 5 Охрид, Дојран.

Најголема снежна покривка има во Дебар и Ѓуриште каде се измерени 20 см. 17 см Крушево, 14 см Битола, Крива Паланка, 12 см Берово, Охрид, 10 см Прилеп, 5 см Куманово, Штип, 2 см Претор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ