(Видео) „Бегајте од водата!“: Застрашувачки грбни перки кружеле околу пливачите, додека тие панично барале спас од ајкулата!

На Флорида бил снимен моментот кога ајкула во плиткото кружела околу капачите кои панично бегале од водата, а оние кои не го забележале „огромниот ѕвер“ останатите од плажата ги повикувале брзо да излезат.

Американските медиуми јавиле дека видеото е снимено на 3 јули од посетителка на плажата во гратчето Навара Бич.

На видеото се гледало како ајкулата полека си пливала во близина на преполната плажа, по што почнале да се слушаат извици за капачите веднаш да излезат на брегот. „Бегајте од водата!“, извикал еден од посетителите на плажата.

Иако повеќето пливачи сфатиле што се случува, некои сè уште не биле свесни за присуството на ајкулата. „Сè уште има некој таму“, се чула една жена како вика додека грбната перка од ајкулата се наѕирала на површината на водата во плиткото.

Телевизиската станица „WPEC“ (CBS12), локалната телевизија на CBS во Палм Бич, објавила дека не било познато што потоа се случило со ајкулата или со капачите

ОСТАНАТИ ВЕСТИ