(ВИДЕО) Цел град на северот на Европа ќе мора да се пресели зграда по зграда: Причината е страшна

Цел град во северна Европа мора да се пресели „зграда по зграда“ на сосема нова локација по едно неверојатно и малку застрашувачко откритие.

Живописната Кируна се наоѓа на крајниот север во шведска Лапонија, а од 2016 година има нешто повеќе од 17.000 жители. Градот има долга историја, благодарение на огромниот рудник за железна руда и подземниот центар кој е отворен за посетители.

Во Кируна неодамна се пронајдени многу вредни минерали, а на почетокот на оваа година беше откриено и најголемото познато наоѓалиште на ретки земјени елементи. Овие специјални елементи се користат за производство на батерии за електрични автомобили и турбини на ветер.

Шведскиот вицепремиер Еба Буш ја нарече оваа земја „рудник за злато“ и го повика остатокот од Европа да ја „научи лекција“. Војната во Украина го принуди остатокот од светот да престане да биде толку зависен од Русите за ресурси, а рудникот за железна руда пронајден во Кируна, управуван од шведската државна компанија ЛАБ, произведува 80 отсто од снабдувањето на Европската унија, така што Европа сепак нема да биде зависна. Сепак, неверојатниот успех во рударството на Кируна донесе и еден огромен проблем.

Секој ден, од рудникот се вади руда во вредност од шест Ајфелови кули, што предизвикува деформација на почвата. Ова претставува голема закана за градот и ги става жителите во голем ризик. Според локалните извештаи веќе се пронајдени пукнатини во болницата во градот, додека локалното училиште повеќе не се смета за безбедно за учениците и наставниците. Поради сите ризици, во тек е проект за преместување на Кируна 2,9 милји источно од стариот град – нешто што се очекува да биде завршено до 2026 година.

Тоа ќе им овозможи на историските знаменитости, каква што е црквата отворена во 1912 година, да продолжи да функционира како и досега. Со проектот, речиси 6.000 луѓе ќе се преселат од своите домови и ќе продолжат да живеат во нови домови.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ