Вторник, 10 ноември 2026 вторник, 10 ноември Струга 7°C Струга 7°C Пријави вест
Струга

ВИДЕО: Инцидент на Преспа форумот во Струга, видео панел падна врз модераторката, за среќа нема повредени!

Објавено: · 1 мин читање
ВИДЕО: Инцидент на Преспа форумот во Струга, видео панел падна врз модераторката, за среќа нема повредени!

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда, информираше МНР.

Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

„Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, соопшти МНР.