Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски најавува нови евтини авионски летови од скопскиот и охридскиот аеродром.
„Развојот на ависоообраќајот и отворање на нови дестинации за македонските граѓани е еден од приоритетите за работа во следниот период на Владата. За таа цел формирана е работна група која ќе работи на привлекување на нови дестинации и веќе од следната година се очекува да се обезбедат нови линии за граѓаните кои во овој момент не се опериратат од двата аеродорми“, вели Николоски.