[ВИДЕО] Погледнете ја драматичната снимка од моментот кога бродот удира во мостот во Балтимор: Конструкцијата се урна како „кула од карти“

Страотната несреќа се случила кога товарен брод под знамето на Сингапур го напуштил пристаништето Балтимор околу 01:00 часот. За жал, набрзо удрил во мостот, предизвикувајќи целата структура да се сруши во водата.

На социјалните мрежи беа објавени неколку видеа од ударот на бродот во мостот „Френсис Скот Ки“. Како што може да се види на снимките, на мостот било доста прометно во моментот на ударот.

Спасувачите од градот Балтимор успеале да ги пронајдат првите исчезнати лица по уривањето на мостот кога во него удрил брод.

Две лица се извлечени од водата по уривањето на мостот, изјави шефот на противпожарната служба, Џејмс Валас.

Тој рече дека едно лице е во тешка состојба, а другото не е тешко повредено.

„Едно лице одбило услуга и да биде транспортирано, во суштина тоа лице не е повредено. Меѓутоа, имало уште едно лице, кое е пренесено во локалниот центар за траума, кое е во многу тешка состојба“, објасни тој.

Валас рече дека властите можеби бараат седум лица, но додаде дека таа бројка може да се промени.

Сепак, претходно, Кевин Картрајт од противпожарната служба на градот Балтимор рече дека спасувачите трагаат по најмалку 20 луѓе во реката.

Товарнен брод удрил во мостот по што се запалил и потонал. Неколку возила паднале во реката, јавува „Телеграф.рс“.

Бродот удрил во еден од потпорните столбови на мостот, при што неговата метална конструкција се урнала, а бродот се запалил и потонал, јавува „Асошиетед прес“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ