Полицијата во Лас Вегас објавила снимка од одговорот на своите вработени на повик на семејство кое кажало дека НЛО се урнал во нивниот двор, пренесува „6abc“.
Семејството повикало 911 за да пријави дека нешто се урнало во нивниот двор и дека во леталото виделе необично суштество.
На снимката која ја објавила полицијата се слуша како јавувачот вели дека тој, неговиот татко и брат биле во дворот и го поправале камионетот кога во нивна близина нешто се урнало и предизвикало силен звук.
„Со крајот на окото видовме дека нешто паѓа од небото, светеше, а кога удри на земјата, почувствувавме навистина голем удар и некаков налет на енергија. Тоа не беа луѓе. Тоа 100 отсто не беа луѓе“, рекол тој.
Како што е соопштено, полициските службеници извршиле прелиминарен увид, но не пронашле ништо. Случајот бил затворен и означен како неоснован, рекле полициските службеници.
Надзорниот одбор на американскиот Конгрес во „рана фаза“ се подготвува за сослушувања за НЛО по непотврдени тврдења дека во САД наводно е пронајден соборен вселенски брод – што Пентагон не потврдил.
Поранешниот разузнавачки службеник Дејвид Груш денеска изјавил дека американската влада има тајна програма кој има за цел да собере урнати вселенски летала од вонземно потекло и дека се обидуваат да утврдат како таа технологија функционира, пишува порталот „The Debrief“.
Изјавата на Груш не добила јавна потврда, а водечкиот републиканец во Претставничкиот дом Мајк Тарнер исто така изразил скептицизам во врска со идејата дека американската влада пронашла вселенски брод.
Груш рекол дека доказите за таквата програма ги доставил до Конгресот и Канцеларијата на генералниот инспектор за разузнавачката заедница, наведува „The Debrief“.