Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Македонија

ВИДЕО Тензично во тетовското муфтија

Објавено: · 1 мин читање
ВИДЕО Тензично во тетовското муфтија

Утринава се предизвикани тензии во муфтијата на Тетово, откако муфтијата избран од Исламската верска заедница Селвер Џемаили се обидел да влезе во зградата на Муфтијата, каде наишол на отпор од страна на некои лица и поранешниот муфтија Ќани Несими, јавува ТВ21.

И двајцата муфтии моментално се во полиција.

Неколку лица продолжуваат да стојат пред зградата на муфтијата на Тетово, а се гледаат и полициски сили.