(Видео) Тргнале на пловидба, но набрзо сè тргнало наопаку: Маж и неговото куче спасени по 3 месеци, преживеале јадејќи сирова риба и пиејќи дождовница

Австралиецот Тим Шедок испловил од Мексико кон почетокот на април со намера да отпатува во Француска Полинезија.

Меѓутоа, неговиот катамаран бил погоден од бура по само неколку недели која ја оштетил електрониката, а Тим и неговото куче Бела завршиле среде Тихиот океан преживувајќи така што со месеци пиеле дождовница и јаделе сирова риба.

На снимките од спасувањето се гледа Шедок кој изгледал непрепознатливо, со седа долга брада и коса.

„Се викам Тим Шедок. Јас сум од Австралија“, едвај му одговорил на екипажот на спасувачкиот брод додека Бела мавтала со опашката.

Австралиецот нагласил дека опремата за риболов всушност станала негова опрема за преживување. Тој подоцна за австралиските медиуми изјавил дека поминал низ многу тешко искушение на отвореното море.

„Сè што ми е потребно е одмор и добра храна бидејќи долго бев на море. Инаку здравствено сум добро, добро се грижам за себе“, наведува Шедок.

Еден човек во декември 2022 година преживеал 20 часа на море во Торесовиот мореуз. Австралиската полиција тој случај го нарече „божиќно чудо“.

Младиот маж (31) бил пронајден како се држи за остатоците од својот гумен чамец откако се превртел кога наишол бран помеѓу островите Гетулија и Су во мореузот.

Вишиот наредник на полицијата во Квинсленд, Ентони Мојнихан, изјави за „ABC News“ дека човекот не носел заштитна опрема кога тргнал сам на пат и дека е зачудувачки што го преживеал бродоломот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ