Недела, 22 ноември 2026 недела, 22 ноември Струга 7°C Струга 7°C Пријави вест
Македонија

Влада: 24-ти април и 8 -ми мај неработни денови поради претседателските и парламентарните избори

Објавено: · 1 мин читање
Влада: 24-ти април и 8 -ми мај неработни денови поради претседателските и парламентарните избори

– Со владина одлука, 24-ти април и 8-ми мај, деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори, се прогласени за неработни за сите граѓани на територијата на Република Македонија.

Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.

Во Информацијата од министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи ги предвид Решенијата за распишување на избори за претседател и за пратеници во Собранието на Република Македонија потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран.