ВЛАДАТА ОДЛУЧИ СРЕДИТЕ НА 24 АПРИЛ И НА 8 МАЈ ДА БИДАТ НЕРАБОТНИ И ЗА ПРИВАТНИТЕ ФИРМИ

По општата забуна дали деновите на гласањето 24 април (среда) и 8 мај (среда) ќе бидат неработни денови само за вработените во јавната администрација, Владата денеска донесе одлука тоа да важи за сите граѓани на Македонија.

Претходно одлуката за неработни денови важеше само за јавната администрација, а за приватниот сектор беше дадена само препорака.

Од Влавата соопштија дека донеле ваква одлука е донесена за непречено спроведување на изборите за претседател на државата и за изборите за пратеници.

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, тоа газдите на приватните фирми нема да  може да го бараат од вработените.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ