Во овој град се измерени 52,2 степени Целзиусови

Градот Санбао, во провинцијата Синџијанг, на северозападот од Кина, вчера регистрира рекордно висока температура во земјата од 52,2 степени Целзиусови.

Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена.

Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Ајдинг, во Синџијанг, во депресија на повеќе од 150 метри под нивото на морето, пренесуваат британските медиуми

Од април досега земјите од Азија се погодени од неколку рекордни топлотни бранови.

Во Кина рекордно високите температури предизвикаа проблеми со снабдувањето со електрична енергија и земјоделските култури, а се стравува и од повторување на минатогодишната суша, најлоша во последните 60 години.

Во Кина, на 22 јануари, температурите во Мохе, град на североистокот од земјата, се спуштија на минус 53 степени Целзиусови, што е рекорд за најниска температура во земјата.

Претставниците за климата на САД и Кина неделава во Пекинг одржуваат разговори за борбата против глобалното затоплување.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ