По повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот и 15 февруари – Меѓународниот ден на децата болни од рак, Здружението за унапредување на здравјето ,,Филип Лукароски“ ќе одржи трибина со наслов ,,Превентивата е прв чекор во броба со ракот” на 2 февруари (петок) во 13:00 часот во Салата на Совет на Општина Струга.
На трибината ќе говорат Петра Чукароска-претседател на Здружението за унапредување на здравјето ,,Филип Лукароски“, Д-р Арменд Арслани-Специјалист хирург уролог и директор на струшката општа болница, Д-р Мајлинда Шејн Скендери-Специјалист гинеколог акушер, Д-р Ферид Салкоски-Спец. педијатар и Супспецијализант по детска пулмологија и М-р. Марија Талеска Василеска- психолог и психотерапевт во едукација.