Засилува динамиката на изградба на автопатските делници на Коридорот 8 и10-Д. Џафери, Бочварски и Рустеми на увид на делницата Гостивар -Букојчани, градиме модерни автопати

default

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери,
заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за
државни патишта, Ејуп Рустеми, придружувани од заменик министерот за
транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска извршија увид во изградбата на
автопатска делница на Коридорот 8, од Гостивар до Букојчани.
На средбата со претставници со изведувачот и со надзорот беа информирани со
динамиката на изградбата на делниците на Коридор 8.

„Од денес па натаму, граѓаните ќе можат конкретно да ги видат активностите од
спроведувањето на проектот. Изведувачот на работите не е непознат, имајќи
предвид дека во регионот имаат реализирани вакви проекти, тоа е потврда дека
навремено и квалитетно ќе ги завршат работите овде.

Како Влада, обезбедуваме предуслови за работите да течат непречено.

Мислам дека сите сме имале можност да поминеме по патиштата кои ги имаат изградено досега. Во тој
контекст, не се сомневам за нивниот квалитет и капацитет да го направат
најдоброто. Проектот ја опфаќа делницата Тетово–Гостивар–Кичево,
Требениште–Ќафасан. На албанска страна веќе се работи делницата од Елбасан
до граница, така што проектот Коридор 8 е врска меѓу Јадранот и Црното Море,
што го прави овој Коридор од особена важност“ – изјави претседателот на
Владата, Џафери.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката
на изградба и истакна дека Владата одобри инфраструктурни проекти за дел од
трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

„Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и
Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната
економија и градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе
донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за

Тетово – Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола, што значи дека му отворивме
голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е
лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите
максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е
развојна модерна и квалитетна патна мрежа.“ – изјави министерот Бочварски.
Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми истакна дека дополнително
очекува интензивирање на работите со отворање на градежната сезона.
„Започнати се видливи градежни активности, при што веќе интензивно се врши
експропријација на земјиштето, а Изведувачот работи и на проектирање, врши
геотехнички и геомеханички истражни работи, како и други неопходни активности.
Во моментов, се работи на неколку позиции на делницата Тетово – Гостивар –
Букојчани, односно на делницата Гостивар – Букојчани, каде што се работи на
ископ со минирање на главната траса, на земјени работи за поставување на
дробилка, на подготвителни активности за поставување на бетонска база, на
производство на префабрикувани елементи за изведба на пропуст кај реката
Вардар, на изградба на сервисен пат, како и на поставување на времена
сигнализација за сервисниот пат. Поодминати активности има и на делницата
Тетово – Гостивар.“ – изјави директорот Рустеми.

Џош Бејкер, главен проект менаџер од компанијата Бехтел, истакна дека имаат
одлична комуникација и соработка со државата и институциите и отворен фронт
за работа на повеќе точки.

„Нашиот тим во моментот брои повеќе од 450 вработени во Бехтел и Енка и мило
ми е што можам да истакнам дека повеќе од 50% од тие вработени се луѓе од
тука, од локалното население. До сега обезбедивме повеќе од 300 машини и тие
работат на овој проект и очекувам тој број да се зголемува. Наша цел е да
работиме што повеќе со домашните компании, во моментов имаме повеќе од 360
договори со компании подизведувачи, а над 75% од тие фирми се од Северна
Македонија. Веќе подолго време работиме на ископување на секција 2, како што
може да видите позади нас, а од денеска вршиме ископувања и на секција 1,
односно на трасата Тетово – Гостивар.“ – изјави Бејкер.

Изградбата на Коридорите 8 и 10-Д е стратешки проект на Северна Македонија
заради интеграција во европските транспортни мрежи, како и за развој на
домашната економија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ