ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЛАБУНИШТА ПО ВТОР ПАТ НА РЕВИЈА

Здружението на пензионери од Лабуништа, од неговото формиорање од даелечната 1998, оваа година по Втор пат зеде учество на 21-та Регионална ревија на песни, музика и игри,од осмиот регион кој ги опфаќа здруженијата на: Охрид и Дебрца, Струга, Дебар, Вевчани, Лабуништа,Кичево, Македонски Брод и Гостивар,како домаќин,која се одржа на 16 мај во домот на културата „АСНОМ“ во Гостивар.


Здружението на пензионери од Лабуништа, под раководство на претседателот на здружението Лутвија Салоски, се претставија со две роднокрајни народни песни, во изведба на браќата Шабан и Исмаил во придружба на армоника Ирфан Османоски и тарабука Екрем Мемиши,исто така со свој рецитал настапи и Шабан Адемоски.

Кои се преставија во најсветло издание,за кое добија бурни аплаузи, а за учеството им беше врачено признание од страна СЗПМ, кое признание им врачио претседателот на ЗП Гостиварго Нихази Џелали а го прими претседателот на ЗП Лабуништа Салоски.


Заедничката дружба на осумте здруженија на пензионери продолжи во хотелот „Албис“до доцна по пладнето, каде што се играше и пееше.
Текст и фото: СТОЈАН кУКУНЕШОСКИ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ