Сабота, 28 ноември 2026 сабота, 28 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Охрид

Земјотрес со магнитуда 4,0 ја стресе Грција, почувствуван во Охрид и Битола

Земјотрес со локална магнитуда 4,0 според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Грција, а потресот е почувствуван и во Северна Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TEST
Фото: TEST

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија, потресот е регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места, со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните што го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, со што ќе придонесат во сеизмолошките истражувања.