Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Жители се евакуираат поради невреме во Калифорнија

Објавено: · 1 мин читање
Жители се евакуираат поради невреме во Калифорнија

Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат.

Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени.

Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација на Поинт Плезант, додека на жителите на Гленвил Тракт и Френклин Понд им беше наредено да бидат на највисоко ниво на тревога за евакуација.  (МИА)