10-те најбрутални убиства на Коза Ностра под водство на озлогласениот Матео Денаро

По речиси 30 години бегство, Матео Месина Денаро, човекот означен како шеф на најозлогласената мафија во светот – Коза Ностра, беше уапсен во Палермо. Тој беше обвинет за некои од најмонструозните злосторства, поради што го доби прекарот „Дијаболик“. Не го почитуваше кодот, не ги избираше своите жртви, убиваше и деца и трудници, поради што ќе остане запаметен во историјата по овие 10 најсурови убиства.

Тој беше уапсен во приватна клиника во Палермо. Веста за неговото апсење ги израдува и оние кои „имаат одредени симпатии“ кон криминалните активности. Причината за тоа е што „Дијаболик“ немал никакво симпатии кон никого, ниту пак имал проблем да биде одговорен за нападите кои резултираа со смрт на повеќе десетици цивили.

Сега нивните семејства и пријатели можат да здивнат – како што изгледа правдата конечно ќе биде задоволена.

Првото убиство на 18 години

Неговиот пат не е изненадувачки со оглед на неговото воспитување и однесување во неговите тинејџерски години. Имено, „Дијаболик“ израснал под покровителство на строгите, но сурови правила на Коза Ностра.

Првиот пиштол го земал пред да ја извади личната карта, а чкрапалото го повлекол кога имал само 14 години.

Три години подоцна, тој пукаше по улиците секој ден, учествувајќи во крвавата војна за превласт во италијанското подземје, која однесе најмалку 32 животи, кога за прв пат ги извалка рацете. Не е познато колку членови на ривалските банди убил.

Според тврдењата на оние од неговото поблиско опкружување, за прв пат убил човек кога штотуку наполнил 18 години.

Бремена жена на крвавата листа

Крвавата кампања потоа продолжи. Имаше се повеќе жртви, сè помалку почитување на кодот. Колку станал бездушен говори и тоа што една од неговите жртви била трудница, која ја задавил со голи раце.

Како што пишуваат италијанските медиуми, за да стекне репутација на ладнокрвен убиец, Денаро задавил бремена жена, девојка на неговиот тогашен ривал шеф Винченцо Милацо од Алкамо.

Бомбашки напади и најбруталното убиство

Денаро беше еден од иницијаторите за бомбашки напади на знаменитости во големите италијански градови Рим, Фиренца и Милано. Тогаш загинаа најмалку 10 луѓе.

Еден човек бил сведок на овој немил настан и сакал да даде исказ во полицијата. За да го спречи, „Дијаболик“ го направи она што тогаш беше незамисливо. Станува збор за убиството на момчето Џузепе ди Матео (12), кое се случило во 1993 година. Во знак на одмазда кон неговиот татко (кој наводно имал докази против него), Денаро го киднапирал момчето додека се враќало од јавање, што била негова голема љубов. Потоа го мачел, го држел две години во заробеништво и на крајот го задавил и му го фрлил телото во киселина.

Џузепе бил киднапиран на 14 ноември 1993 година откако ја напуштил шталата, а му пришле група мафијаши кои биле облечени како полицајци. Му рекле дека ќе го однесат кај татко му, исто така поранешен мафијаш, кој бил на безбедна локација откако се согласил да соработува со властите, па момчето им поверувало.

Киднаперите го мачеле момчето речиси 800 дена, помеѓу 1993 и 1996 година. Целта на киднаперите била да ја искористат таа уцена за да го фатат Сантино ди Матео, таткото на момчето.

Убиства на судии

Не само несреќното момче го плати цехот. Во крвавиот празник на Коза Ностра под палката на Денаро загинаа двајца судии кои се бореа против мафијата.

Едно од мафијашките убиства за кое е одговорна Коза Ностра, а кое привлече најголемо внимание на светската јавност, секако е убиството на судијата Џовани Фалконе, како и на неговиот пријател Паоло Борселино.

Како истакнат борец против мафијата, Фалконе формираше антимафијашка комисија во раните 1980-ти. Токму тој е одговорен за тоа што тогашниот мафијашки бос Томазо Бушета се согласил да стане еден вид соработнички сведок и да ги открие најголемите тајни на сицилијанското подземје. Поради бројните закани, судијата Фалконе и тогаш беше под полициска заштита, но продолжи да се бори против членовите на мафијата.

Така се нашол на мета на една од најозлогласените мафијашки организации Коза Ностра. Тој 23 мај 1992 година, членовите на Коза Ностра сокриле 500 килограми експлозив во канал за канализација ископан паралелно со еден од патиштата во областа Капаци. Кога експлозивот бил активиран, два автомобили полетале во воздух. Како што се испостави, во еден од нив седеше судијата Џовани Фалконе, најистакнатиот противник на Денаро и на мафијата воопшто. Покрај самиот Фалконе, убиена е и неговата сопруга, како и неговите телохранители, а возачот преживеал со чиста среќа.

Борселино беше убиен само два месеци подоцна, на речиси идентичен начин. Атентаторот безмилосно го застрелал во автомобилот пред куќата на неговата мајка. Покрај него, загинаа уште пет негови телохранители.

Повеќе од 50 мртви

Се претпоставува дека всушност има многу повеќе жртви на Коза Ностра. Една од попознатите жртви е Никола Консалес, сопственик на хотел.

Според неофицијални податоци, „Дијаболик“ нарачал убиства, убил или се обидел да убие најмалку 61 лице. Многу од нив никогаш нема да се најдат, а приказните за нивното страдање ќе продолжат да царуваат.

Дека бројката би можела да биде многу поголема, говори и фактот што самиот Денаро се пофалил дека може да наполни „гробишта со своите жртви“.

Корупција, дрога, грабежи

Покрај наведените кривични дела, „Дијаболик“ е осомничен и за семејно рекетирање, нарачување разбојништва, како и учество во активности кои резултирале со смрт на стотина лица – трговија со дрога. За убиството на судиите Фалконе и Борселино, тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор.

Извор: novatv.mk

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *