Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Македонија

13-годишно девојче прегазено во скопско, возачот избегал

Објавено: · 1 мин читање
13-годишно девојче прегазено во скопско, возачот избегал

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и село Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од село Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.