Во организација на Црвен Крст од Струга, во понеделник на 12-ти февруари 2024 година ќе се одржи традиционална крводарителска акција во струшкиот Завод за Нефрологија. – Се повикуваат сите вработени во Полициската станица во Струга, како и граѓани кои сакаат да даруваат крв за да спасат нечиј живот. Ве очекуваме, порачуваат од Црвен крст Струга. […]
Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка. Апсењето е извршено во рамките на голема криминална акција против забранети супстанции, односно дрога, јави Радио-телевизија Словенија. Полицијата соопшти дека апсењето го извршила претпазливо и дека наставничката не била уапсена […]
Утрово, (06.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на Градската Општа болница „8-ми Септември” д-р. Христијан Костов присуствуваа на првиот меѓународен реализиран лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР со кој за […]
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек […]
На 04.02.2024 година од 13 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид е спроведена засилена сообраќајна контрола.
На 03.02.2024 околу 02.40 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.,,Партизанска“ во Струга, патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(28) од Охрид, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука за горивата. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати […]
Квалитетот на амбиенталниот воздух во Струга во определни временски интервали во текот на едно деноноќие е лош, покажуваат резултатите од единствената мерна станица во градот. Последните високи вредности, како што информира Никола Кукунеш, асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“ биле измерени синоќа. – Мерната станица за квалитетот на воздухот во Струга вчера покажа високи 229 […]
Налепниците ќе можат да се набават во станиците за технички преглед Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед. Од […]
Сите кои во Трст вчера рано наутро биле будни можеле да сведочат на глетка каква што не е видена 25 години. На површината на морето е формиран тенок слој мраз. Морскиот резерват Мирамар во Трст забележал феномен кој во Трст не е виден 25 години, замрзнато море. Тоа е нешто што често го доживувале генерациите […]