Свет

Повеќе од 1,5 милиони луѓе учествуваа во протестите во Франција

Во Франција вчера, на 12 ден од протестите против реформите во пензискиот систем, според податоци на Генералната конфедерација на синдикатот на работници, учествувале над 1,5 милиони луѓе. Додека француското Министерство за внатрешни работи тврди дека во акциите и протестите учествувале 380.000 луѓе. Синдикатот и француското МВР исто така не се согласуваат за бројот на демонстранти […]

Свет

Северна Кореја тестираше нов вид балистички проектил

Северна Кореја соопшти дека вчера тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво (ИЦБМ), а лидерот Ким Џонг-ун рече дека тоа претставува голем чекор во способноста на Пјонгјанг да изврши нуклеарен контранапад, објавија државните медиуми. „Хвасонг-18 ќе ја брани Северна Кореја, ќе ги сузбие инвазиите и ќе ја заштити безбедноста на нацијата, јави државната новинска […]

Балкан

Абазовиќ во посета на Косово

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска ја почнува дводневната посета на Приштина, при што е предвидено да се сретне со највисоките претставници на Косово. Предвидено е Абазовиќ и премиерот на Косово, Албин Курти ќе потпишат билатерален договор за користење на воздушниот коридор, врз основа на кој авионите што полетуваат од приштинскиот аеродром ќе можат […]

Свет

Чавушоглу: Анкара и Каиро се договорија за подигнување на дипломатските

Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри.  […]

Свет

Гарланд: Уапсен е Џек Тешеира во врска со „истрагата за

ФБИ денеска го уапси гардистот од военото воздухопловство на САД, Џек Тешеира (21) поради кражба на американски доверливи информации, јавија светските агенции. Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд рече дека ФБИ го успасило  Тешеира во врска со „истрагата за неовластено одземање, задржување и испраќање на доверливи информации за националната одбрана“. Тој додаде дека Тешеира ќе остане […]

Свет

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Канада

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Канада. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 200 километри југозападно од Порт Мекнил. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Свет

Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтер ја погоди

Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, наведе Институтот. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. (МИА)

Свет

Демонстранти упаднаа во седиштето на Луј Витон во Париз, се

Демонстранти денеска упаднаа во седиштето на луксузниот моден бренд Луј Витон во Париз пред очекуваната пресуда за контроверзните пензиски реформи во Франција. Тие бараат француската влада да се откаже од планираните пензиски реформи и наместо тоа повеќе да ги оданочува богатите. Десетици демонстранти мавтајќи со знамиња и факели упаднаа во просториите на Луј Витон на […]

Свет

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на МиГ-29

Германија го одобри барањето на Полска за извоз на стари германски борбени авиони МиГ-29 во Украина, соопшти денеска германското Министерство за одбрана Полска побара одобрение од Берлин за извоз на пет стари германски авиони МиГ-29 за зајакнување на воздушните сили на Украина во одбраната од руската агресија. Полското Министерство за одбрана се уште не го […]

Балкан

ЊУЗ БГ: Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија. Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше […]