Тренерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека со нетрпение го очекува натпреварот против Манчестер сити. Арсенал синоќа одигра 3:3 со Саутемптон во натпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија. – Едвај чекам, ова е натпреварот што сакате да го играте. Кога сè е во прашање, мора да одите таму за да победите. Тоа е […]
„Нема да го преселиме постоечкото производство во САД. Но, поверојатно е дека следните фабрики ќе ги изградиме во Америка. Постои ризик дека Европа ќе загуби од оваа прераспределба.“ Оваа изјава на Клаус Розенфелд, шеф на Шефлер, четвртиот по големина германски производител на автоделови со повеќе од 80.000 вработени ширум светот, одразува важен тренд: автомобилската индустрија […]
Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година и минатата година достигна рекордна бројка, соопшти денеска Светската метеоролошка организација. Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што предизвикува ширење на водата, придонесе за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри […]
На Бугарија и треба функционален парламент и политичка влада со јасни приоритети, долгорочни цели и посветеност и одговорност кон нивното остварување, порача претседателот Румен Радев на консултациите со претставниците на пратеничката група на „Има таков народ“. „Формирањето на политичка влада гарантира одржливост и долгорочна работа на парламентот“, додаде шефот на државата. Тој денеска одржа консултации […]
– Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека со „големо жалење“ ја прифатил оставката на неговиот заменик Доминик Раб, откако Раб ја напушти Владата по завршувањето на истрагата за наводите дека малтретирал колеги. „Со големо жалење ја прифатив вашата оставка. Но, јасно е дека имаше пропусти во историскиот процес што негативно влијаеше на сите вклучени. […]
Британскиот вицепремиер и министер за правосудство Доминик Рааб во петокот поднесе оставка по независната истрага спроведена против него поради насилничко однесување. Во писмото до премиерот Риши Сунак објавено на Twitter, Рааб наведува дека и натаму ја поддржува владата. „Јас самиот ја побарав таа истрага и се обврзав да поднесам оставка доколку се утврди дека имало […]
Црногорското обвинителство го обвини јужнокорејскиот „крал на криптовалутите“, До Квон и еден од неговите сонародници за кривично дело фалсификување исправа. До Квон и неговиот соработник Хон Чонг Џун беа уапсени на аеродромот во Подгорица во март, според меѓународна потерница, кога се обиделе да летаат за Дубаи со приватен авион. До Квон во светот е познат […]
„Сојузниците на НАТО се согласија Украина да стане членка“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Говорејќи пред состанокот во Рамштајн, Германија, тој додаде дека откако војната ќе заврши, Киев мора да развие начини за спречување на нови напади. Столтенберг додаде дека сега главниот фокус е Украина да се брани и да победи. Шефот на […]
Во недела на северот на Косово ќе има страшен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, ден во кој официјално ќе биде обележан срамот на Европа и светот за тоа што го организираа и го прават, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Прва зборувајќи за изборите во недела во четири […]
Врховниот судански генерал Абдел Фатах Бурхан денеска изјави дека армијата е посветена на транзицијата кон цивилно владеење, објави Асошиејтед прес (АП). Бурхан го објави ова во својот прв говор откако избувнаа брутални борби во Судан меѓу неговите сили и моќните паравоени сили во земјата пред речиси една недела. „Уверени сме дека ќе го надминеме ова […]