Се очекува Индија да ја престигне Кина како најнаселена земја во светот до средината на оваа година, според процените на Обединетите нации. Населението на Индија ќе биде 1.4286 милијарди во споредба со 1.4257 милијарди во Кина, според извештајот за светското население на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Населението на Кина се намали минатата […]
Бугарија воведува привремена забрана за увоз на храна од Украина. Исклучок ќе има за стоката во транзит. Ова го соопшти техничкиот премиер Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница. Според него, значителни количини украинска храна останале во Бугарија. – Принудени сме да ја усвоиме оваа национална мерка, бидејќи одговорните европски власти сè уште размислуваат […]
Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана […]
Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА. Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат […]
Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА. Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи „Преродба“ – Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани. Росен Желјазков е роден на 5 […]
Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша денеска изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската Унија. „Во текот на оваа година, од јануари досега, 220 медицински сестри ја напуштија државата. Можам да кажам дека повеќе од 1.000 се очекува да го напуштат […]
Итни, краткорочни и среднорочни мерки за безбедно, уредно и ефикасно функционирање на железничкиот транспорт во Грција, предлага извештајот на Експертската комисија за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари годинава во која загинаа 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Извештајот бил доставен до државниот министер, надлежен за инфраструктура и транспорт Јоргос Герапетритис, а […]
Јапонија денеска соопшти дека се подготвува да ги евакуира своите граѓани од Судан. Јапонија ќе стане првата земја што ќе преземе ваква мерка поради насилството што трае од саботата меѓу суданската армија и паравоена група. Во борбите меѓу паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло и армијата предводена од генералот […]
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди првиот воен шпионски сателит кој штотуку беше изграден да биде лансиран според планираното, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. Изградбата на сателитот беше завршена овој месец, а Ким Џонг Ун нареди лансирањето да се одвива според планот даден за време на посетата на севернокорејската вселенска агенција. Детали за датумот […]
Рестораните што претходно работеа под брендот „Мекдоналдс“ во Белорусија ќе бидат преименувани во „Мек.би“, соопшти тамошната компанија. Инаку, белорускиот одгранок го задржува пристапот до рецептите, а со тоа и се оддалечува од новиот бренд во соседна Русија, коментираат познавачите. Имено, сите 25 ресторани на „Мекдоналдс“ во Белорусија, управувани од фирмата-носител на лиценцата, „КСБ Виктори ресторантс“, […]