Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор две години и чие здравје е влошено, соопшти денеска германската Влада. – Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални, изјави денеска портпаролката на германската Влада Кристијане Хофман. Според неа, она што се случува […]
Министeрките за надворешни работи на Германија и Франција ја повикаа Африканската унија (АУ) да покаже солидарност со Европа против руската инвазија врз Украина за време на посетата на седиштето на организацијата во главниот град на Етиопија. Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека соработката меѓу Европската унија и Африканската унија е исто така […]
Кристалина Геогријева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), рече дека има се повеќе докази дека САД ќе избегнат рецесија оваа година. Георгиева рече дека американскиот пазар на труд останува отпорен и побарувачката на потрошувачите е силна, и покрај зголемувањето на каматните стапки за да се спречи инфлацијата. Таа додаде дека има здрава промена од […]
Аргентина забележа инфлација од 94,8 отсто, што е највисока во таа земја по 32 години и една од највисоките стапки на инфлација во светот во 2022 година. Сепак, декемвриската стапка од 5,1 отсто покажува релативно забавување во последните месеци. Ценовниот показател за декември објавен синоќа од Националниот институт за статистика покажува тенденција на намалување […]
Полициски и судски власти од Германија, Србија, Кипар и од Бугарија, поддржани од Европол и Евроџаст, презеле акција против организирани криминални групи вклучени во онлајн инвестициска измама. Таа криминална мрежа, која се состои од голем број различни криминални актери кои работат преку центри за повици, ги намамувала жртвите да инвестираат големи суми пари во […]
Србија, иако според првите резултати од пописот има околу половина милион жители помалку од 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави синиоќа Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика. Во изјава за РТС таа нагласи дека Нови Сад и Белград имаат негативен природен […]
Повеќе од осум милиони чешки гласачи попладнево и утре ќе излезат на гласање за да одлучат на третите директни избори кој ќе застане на чело на државата. Меѓу осумте кандидати нема личности од калибарот на првите тројца претседатели: Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и во последните два мандата Милош Земан. Иако има осум кандидати, само […]
Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија. Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама. Моќното торнадо оштети […]
Минатата година Украина запленила имот на Русија и Белорусија во вредност од 1,12 милијарди долари, соопшти Бирото за економска безбедност на Украина. „Во сите кривични постапки, запленети се имоти проценети на 46,7 милијарди гривни (речиси 1,28 милијарди долари). Огромен дел – 41 милијарда (1,12 милијарди долари) се состојат од имот и предмети на имотни […]
Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека […]