Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ изјави дека тој би ја ангажирал војската за да го пресече коридорот во Посавина доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик, распише референдум за отцепување на РС од БиХ. Месиќ во интервју за регионалната телевизија Н1, одговарајќи на прашањето, што би го советувал актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ […]
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја оцени како добра вест падот на инфлацијата во државата и изрази уверување дека следната година во ова време ќе зборува за стапка на инфлација од околу шест отсто. – Веруваме дека цените ќе се стабилизираат и дека следната година во ова време ќе зборуваме за стапка на инфлација од […]
Турција обвини неколку западни земји за привремено затворање на нивните конзулати во Истанбул од безбедносни причини, обвинувајќи ги дека водат „психолошка војна“ и се обидуваат да ја уништат турската туристичка индустрија. Германија, Холандија и Велика Британија неделава ги затворија своите конзулати во Истанбул. Германската амбасада како причина го наведе „ризикот од можни напади по инцидентите […]
Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка отколку што се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија. Се очекува рецесијата да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку […]
Европската Унија планира нов пакет санкции против Москва, кои ќе бидат усвоени до годишнината од руската инвазија на Украина на 24 февруари, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – До 24 февруари, точно една година по почетокот на инвазијата, имаме за цел да го воведеме десеттиот пакет санкции, рече Фон дер […]
Претставници на српската опозиција, за време на денешната седница во Парламентот, посветена на Косово, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово. Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе […]
Снегот и силниот ветер денеска доведоа до отежнати услови за сообраќај на патиштата во јужна Германија, а полицијата во Долна Баварија пријави речиси 100 инциденти. Поради силниот ветер паднаа дрвја, а многу возачи завршија во канали покрај патот, соопштија од итните служби, со предупредување за поледица. Германската метеоролошка служба предвиде силни ветрови, снежни наноси и […]
Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел. Во исто време, пратениците на СНС станаа, кои исто така […]
Карате федерацијата на Македонија замина на европско првнество за кадети, јуниори иУ21 во Ларнака Кипар, каде што од 03 до 05 Фебруар 2023година со вкупно 35 натпреварувачи ќеучествува на европското првенство. На европското првенство во категоријата јуниирки +66кг Греса Мустафаи ќе ја преставуваМакедонија овој викенд. На евопското првенство ќе учествуваат најдобрите натпреварувачи од сите држави […]
Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува „Репортери“. 1. ЗСО мора да биде во согласност со уставот и законите на Косово. 2. ЗСО не може да биде еднонационална, мора да го смени името и да служи само за […]