Свет

Палестинските милитанти истрелаа две ракети врз Израел

Палестинските милитанти денеска истрелаа две ракети од Појасот Газа кон јужен Израел. Ракетите беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, соопшти израелската армија. Ракетниот напад уследи откако израелските командоси вчера убија седум вооружени лица и двајца цивили во бегалскиот камп Џенин во Западен Брег. Во нападот никој не е повреден.  (МИА)

Свет

Најлошото место во историјата на човештвото: Пред 78 години е

Денеска е Ден на сеќавање на Холокаустот, а 27 јануари е избран затоа што на овој датум во 1945 година Црвената армија го ослободила Аушвиц, каде што пронашла околу седум илјади преживеани затвореници во логорот, меѓу кои и 700 деца. Тоа беше крајот на еден од најлошите ужаси во историјата на човештвото, кој траеше цели илјада и […]

Свет

Киев повика на дополнителна помош откако Русија изврши серија напади

Најмалку 11 лица загинаа во вчерашната серија руски напади врз Украина, а Киев повика на дополнителна помош откако обезбеди ветувања од САД и Германија за испорака на модерни борбени тенкови. Државната служба за вонредни состојби, исто така, соопшти дека 11 лица биле повредени во бомбардирањата за кои украинската војска соопшти дека вклучувале повеќе од 50 […]

Свет

Јермак: Ќе бидат сменети функционерите кои ги избегнуваат воените должности

Функционерите на украинската Влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната брзо ќе бидат сменети, изјави, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Андриј Јермак. – Секој треба да го разбере своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова […]

Свет

Блинкен во посета на Блиски Исток

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен викендов ќе ги посети Египет, Израел и Западниот Брег, соопшти денеска Стејт департментот. Предвидено е Блинкен в недела во Каиро да се сретне со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, а в понеделник ќе ги посети Ерусалим и Рамалах, а во вторник ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и […]

Свет

Ананд: Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина

Канадската министерка за одбрана Анита Ананд изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина. – Канада ќе и испорача четири главни борбени тенкови Леопард 2 на Украина во наредните недели. Оваа донација, комбинирана со придонесите од сојузниците и партнерите, значително ќе им помогне на вооружените сили на Украина додека херојски се борат за […]

Свет

ОН: Рекордно висока стапката на неисхранетост во Авганистан

Стапката на неисхранетост во Авганистан е на рекордно високо ниво, а половина од земјата се соочува со силен глад во текот на годината, изјави денеска портпаролот на Светската програма за храна на Обединетите нации, Филип Кропф. Тој додаде дека седум милиони деца под пет години и мајки се неисхранети во земја со 40 милиони жители. […]

Свет

Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер. Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска. Не е исклучено во истиот период САД да објават нов […]

Свет

Јапонија лансираше сателит со кој ќе ја надгледува Северна Кореја

Јапонија денеска успешно лансираше ракета во вселената, која нoси сателит наменет за собирање информации за движењата на воените објекти во Северна Кореја и за подобрување на одговорот на природни катастрофи. – Ракетата Х-2 A лансирана од компанијата „Мицубиши хеви индустрис“ (Mitsubishi Heavy Industries) успешно го напушти космодромот Танегашима, југозападна Јапонија, носејќи го сателитот ИГС-Радар 7, […]

Свет

Палестинците ја прекинуваат безбедносната соработка со Израел

По израелскиот воен напад во окупираниот Западен Брег во кој беа убиени девет Палестинци, палестинските власти денеска соопштија дека ќе ја прекинат безбедносната соработка со Израел Двете страни одржуваа безбедносни врски во заеднички напор да се спротивстават на исламските екстремисти, а прекинот на таквите врски поттикна стравувања дека нападите на екстремистичките организации можеби нема да […]